Ѓорѓи Абаџиев

  1. home
  2. Author
  3. Ѓорѓи Абаџиев
Ѓорѓи Абаџиев

7 Published BooksЃорѓи Абаџиев

Уште како дете со неговите родители, за време на Првата балканска војна, се преселил во Горна Џумаја (Благоевград). Таму завршил основно образование и гимназија. Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и член на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.